Потребни информации за подготовка за печатење

Подготовка на фајл

Фајловите треба да бидат во формат TIFF, PSD или Фотошоп EPS - Preview NONE, JPEG (максимален квалитет) за кодирање, и сите други опции треба да се откажат!

Бојата мора да биде CMYK, или GRAYSCALE, ако сакате црно-бело печатење.

RGB, LAB боја или било која друга боја на е неприфатливa.

Сите Леери треба да се споени во позадина.

Каналите треба да бидат само CMYK, без дополнителни канали.

Димензиите треба да бидат во реални (точни) димензии - сооднос 1:1 - НЕ скалирани во пропорција.

Фајловите мора да бидат во целост - не сепарирани по бои.

TIFF и PSD датотеки треба да се зачувани со LZV компресија.

Во зависност од големината на датотеката, резолуција може да биде од 30 dpi (за билборди, банери со големи димензии и мегалајти) до 200 dpi за висока резолуција со фото квалитет. Стандардната резолуција треба да биде од 100 до 150 dpi.

Не ги спојувајте различните фајлови во еден фајл. Секој фајл треба да се зачува одделно.

Подготовка на фајл за сечење по контура

Фајловите треба да бидат во AI (Adobe Illustrator CS4+) формат. Сликите мора да бидат вградени во датотеката (не линкувани). (За сетинзите за слики ве молиме проверете горе наречен "Settings").

Димензиите на фајлот треба да бидат во реални (точни) димензии - сооднос 1:1 - НЕ скалирани во пропорција.

Контурата треба да биде крива, без FILL, со дебелина на линија од 1pt со било која боја која не се користи на друго место во фајлот, и треба да се стави во посебен LAYER наречен "CUT".

Ве молиме оставете 3-5 милиметри обрез на графиката од контурата која треба да се исече.

Ако постојат CREASE линии, треба да бидат различни по боја и место од CUT линиите, исто така да не се користат на друго место во фајлот, и треба да биде во различни слој наречен "CREASE"

Подготовка на фајл за сечење по контура и печатење

Фајловите треба да бидат во AI (Adobe Illustrator CS4+) формат. Сликите мора да бидат вградени во датотеката (не линкувани). (За сетинзите за слики ве молиме проверете горе наречен "Settings").

Димензиите на фајлот треба да бидат во реални (точни) димензии - сооднос 1:1 - НЕ скалирани во пропорција.

Контурата треба да биде крива, без FILL, со дебелина на линија од 1pt со било која боја која не се користи на друго место во фајлот, и треба да се стави во посебен LAYER наречен "CUT".

Ве молиме оставете 3-5 милиметри обрез на графиката од контурата која треба да се исече.

Подготовка на фајл за Полиестердеј продукти

(Алуминиумски и пластични држачи и полици, картонски полици, итн.)

Ве молиме контактирајте не за точните димензии и подготовка за печат на одредени производи.

Испраќање на подготовки

Испраќањето на вашите подготовки навистина зависи од големината на фајлот, ние претпочитаме да го користите нашето FTP како побрзо и подинамично решение. Можете да испратите и по е-пошта максимум до 10 MB, но ова може да резултира со доцнење во зависност од e-mail сообраќајот во тоа време. Ние исто така, прифаќаме DVD, CD и флеш дискови како стандард.

FTP детали:

Нашите FTP детали се:

адреса: ftp://polyesterday.serveftp.net

Корисник: ploter

Лозинка: ploter

ВАЖНО!

Кога прикачувате подготовка на FTP, ве молиме контактирајте не на ploter@polyesterday.com.mk, или јавете се на 321 77 00.


Рајко Жинзифов 50

1000, Скопје, Македонија


                

++ 389 (2) 321 77 00


           

data@polyesterday.com.mk

Следете не на Twitter Нашата facebook страница Додадете не во кругот на Google + Конектирајте се преку LinkedIn Пронајдете не на мапа Полиестердеј на You Tube


 Полиестердеј © 2011, Сите права задржани.

En Mk
Специјални понуди